Скопје, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Сопственикот на 1тв Бојан Јовановски денеска е задржан на граничен премин, на барање на Јавното обвинителство.
Обвинителката Вилма Русковска за Утрински Весник потврди дека Јовановски е задржан на граница, а повеќе детали ќе бидат соопштени поладнево на прес-конференција во ЈОРМ во 16:30 часот.бк/са/