Утрински Весник
Спорт

Ботас: Мерцедес не треба да се смета за фаворит во Франција

Ботас смета дека не победи во Шпанија поради проблеми со болидот

Ле Кастеље, 22 јуни 2019 (/) – Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас смета дека Ферари ќе создаде проблеми за неговиот тим на Големата награда на Франција.

Според него, Мерцедес не може да се смета за апсолутен фаворит во оваа трка.

– Тука има некои многу долги делови. Видовме дека Ферари на право има предност. Очекуваме тесна и бликса битка, па затоа не треба да се сметаме за фаворити. Ова е вистинскиот став. Неопходно е да се извлече максимум од болидот за да се биде конкурентен за највисок пласман, изјави Ботас.

Главната трка на патеката „Пол Рикар“ за Големата награда на Франција од шампионатот во Формула 1 ќе стартува утре од 15:10 часот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Срцето му е скршено, Лукаку го откажал одморот

Казри ја заврши репрезентативната кариера

Играч на Реал е пред трансфер во Рома