Утрински Весник
Македонија

Благодарница за Зоран Никодиноски за 50 години придонес во кичевскиот аматерски театар

Благодарница за Зоран Никодиноски за 50 години придонес во кичевскиот аматерски театар

Кичево 19 јуни 2019 (/) – Директорот на НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, Мазлам Османи, му додели благодарница на аматерскиот театар при НУЦК „Кочо Рацин“ за претставата „Лимонада во друштво на директорот“ во режија на Михајло Петрески. Претставата премиерно беше изведена на матичната сцена во Кичево на 9 мај и имаше голем успех, а  учествуваше и на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани.
Посебна благодарница и плакета му беше доделена на актерот Зоран Никодиноски за 50 години придонес во развојот на аматерскиот театар во Кичево. Тој, исто така, и на ДАФ во Кочани доби специјална награда.
– Ми беше чест и задоволство денеска да ја наградам театарската трупа од нашата куќа која навистина имаше забележителен успех со преставата „Лимонада во друштво на директорот“. Особено  ми беше драго што денеска му доделив плакета на актерот Зоран Никодиноски кој 50 години придонесува во нашиот театар, рече директорот на Центарот, Османи.
По приемот на наградата, актерот Зоран Никодиноски рече дека наградата ја споделува со сите негови колеги со кои соработувал во изминатите 50 години. -Ова признание го доживувам и како голем успех на нашиот театар во кој работев со љубов, истакна Никодиноски. рф/хс/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“