Утрински Весник
Македонија

„Бислимска клисура“ и „Инклузивни паметни училници“ – проекти што ќе се реализираат во североисточниот регион

„Бислимска клисура“ и „Инклузивни паметни училници“ – проекти што ќе се реализираат во североисточниот регион

Куманово, 1 јули 2019 (/)Уредување и валоризација на спортско-рекреативен еко центар „Бислимска клисура“ и „Инклузивни паметни училници“ се двата проекти што ќе се спроведуваат во североисточниот регион преку бизнис центарот за развој на североисточниот плански регион.

Инвестицискиот проект за уредување на Бислимската клисура е во вредност од 145.684, а иновативниот со кој се опфатени три училишта од Куманово, Ранковце и Старо Нагоричане е во вредност од 40.000 швајцарски франци.

Училиштата од трите општини, меѓу кои е и основното од Куманово „Крсте Мисирков“ преку проектот „Инклузивни паметни училници“ ќе добијат смарт табли и ќе бидат набавени лифткар гасеничари.

– Со набавената опрема преку овој проект се очекува да се подобрат условите за пристап на учениците со попреченост, да се зголеми еднаквиот пристап на ученици со посебни образовни потреби и да се осовремени начинот на предавање, изјави Владимир Павловски од бизнис центарот на СИПР (Североисточен плански регион).

Со уредувањето на Бислимската клисура се очекува да се развие туризмот во североисточниот регион што е најмалку развиен во државата.

-Ќе се набават велосипеди, елелктрични велосипеди за планински велосипедизам, доуредување на стазите, уредување и изградба на стази за спортско качување и виа ферата, набавка на опрема за кајакарење на лица со посебни потреби, посочи Павловски.

Со реализација на овој проект се очекува да се зголеми бројот на сместувачки капацитети и угостителски капцитети, да се зголеми бројот на лиценцирани водичи, туристички да се активира овој дел од регионот и да се привлечат туристи од државата и странство.

Двата проекти ќе завршат во ноември оваа година, а се реализираат во рамки на поддршката на центрите за развој на планските региони за спроведување на грантовата шема 2018-2020 во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, поддржан од швајцарска агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали