Утрински Весник
Македонија

Биофото изложба „Урбани безрбетници“

Биофото изложба „Урбани безрбетници“

Скопје, 19 јуни 2019 (/) – Во мултимедијалниот клуб „Кафе и филм Котур“ денеска од 19.00 до 21.00 часот ќе биде одржана изложба на био-фотографии на тема „Урбани безрбетници“, организирана од страна на Истражувачкото друштво на студенти-биолози, во соработка со Институтот за комуникациски студии.

На настанот ќе бидат изложени 130 фотографии кои беа поднесени на биофото конкурсот и кои ја прикажуваат биолошката разновидност во урбаните средини.

На изложбата ќе бидат прогласени и најдобрите три фотографии кои беа избрани од комисијата составена од професори по биологија и фотографи, како и преку гласање на Фејсбук.

Изложбата се организира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје. см/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата веќе знаат дека нема да има уставни измени под бугарски диктат