Утрински Весник
Македонија

Биографија на Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Биографија на Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Скопје, 26 јуни 2019 (/) – Новоизбраниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, е роден на 8 ноември 1967 година во Куманово. Тој е дипломиран земјоделски инженер, а дипломата ја стекнал на Земјоделскиот факултет во Скопје.

Од март 2019 година Димковски е раководител на Сектор за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а од јуни 2017 до изборот за раководител на овој Сектор бил шеф на кабинет на досегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Додека ја извршувал функцијата раководител на Секторот за рурален развој, учествувал во подготвување  годишни програми, планирање и нивно спроведување.

Целиот свој професионален век тој работи на позиции поврзани со земјоделството. Претходно бил и посебен советник на Николовски, кога тој беше дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада пред парламентарните избори.

Димковски ја извршувал и функцијата Извршен директор во Федерацијата на Фармери во Република Македонија, координатор на проект за поддршка на земјоделски здруженија, SAFARM2, како и менаџер на здружение на земјоделски производители-Куманово. сст/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија