Утрински Весник
Македонија

Биографија на Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање

Биографија на Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини е роден во Тетово во 1979 година.

Според неговата биографија доставена во Собранието, основното образование го завршил во земјава, а потоа се школувал во Австрија, Германија и Велика Британија.

Има и австриско државјанство. Оженет е и татко на едно дете.

Работел како аналитичар во B.P Invest consult, во Виена и во Caib International markets Ltd. во Лондон, во Уникредит банка во Лондон, како директор за инвестиции за листирани финансиски компании и недвижности во Источна Европа, независен советник за М&A. Како аналитичар учествувал во приватизација со инвестиции и советодавни активности за владите во Југоисточна Европа.

Се занимавал и со хуманитарна дејност, а имал и уметнички изложби.

Од странски јазици зборува англиски, германски и италијански. нд/вг/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од гостиварско

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк