Утрински Весник
Бизнис

Бизнисмени од Амасија на средби со македонски стопанственици во Скопје и Битола

Бизнисмени од Амасија на средби со македонски стопанственици во Скопје и Битола

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Во рамки на коморската соработка Стопанска комора Македонија Турција – МАТТО и Стопанската комора на Амасија, денеска ќе се одржат билатерални средби во Скопје, а утре во Битола.

Средбите, како што соопшти МАТТО, се организирани во соработка со Регионалната комора на регионот Амасија.

-Амасија има развиено земјоделско производство (зеленчук и овошје), прехранбена индустрија, рударство (јаглен, лигнит, гипс и мермер), машинска индустрија,особено металопреработувачка, дрвна и текстилна, индустрија на мебел, како и производство на пластика. Амасија е втор извозник на мермер во Турција, велат од МАТТО.

Ова е трета турска деловна делегација што во овој период ја посети земјава, а најавени се уште две за есен, од Измир и Мерзифон. мч/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

ФЕЦ Новаци е далеку од најголема фотоволтаична електрана во регионот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Битиќи – Дуџак: Она што нема да го направиме денес, ќе не чини многу поскапо утре