Утрински Весник
Македонија

Бесплатно летување на хрватското приморје за најдобрите ученици од Кочани

Бесплатно летување на хрватското приморје за најдобрите ученици од Кочани

Кочани, 12 јуни 2019 (/) – Осуммина ученици кои се првенци на генерацијата во шесте основни и двете средни училишта во општина Кочани како подарок добија бесплатно летување на островот Паг на хрватското приморје. Тоа им е признание од локалната самоуправа за постигнатиот успех, но и поттик за понатамошно продолжување на одличните резултати во школувањето.

По тој повод градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев денеска организираше свечен прием. Првенците на генерацијата од Кочани ќе се одмораат од 3 до 10 август, а трошоците за нивниот престој се на товар на збратимената општина Крижевци од Хрватска.

– Наградата за учениците е резултат на повеќедецениските контакти на нашата и хрватската локална самоуправа. Седма година ја реализираме соработката со општинската управа и училиштата од Крижевци, при што нашите ученици летуваат на Паг, а за најдобрите крижевски ученици ние организираме бесплатно зимување на Пониква, рече градоначалникот Илијев.

На приемот на учениците првенци на генерацијата, присуствува и нивните ментори, како и педесетина други ученици кои во текот на изминатата учебна година освоија први места во поединечна и екипна конкуренција на државни и меѓународни натпревари. За сите нив, исто така, беа обезбедени награди и признанија.

Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како дополнителна награда од општината добија и по шест илјади денари. та/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј