Утрински Весник
Македонија

Беровското училиште „Дедо Иљо Малешевски“ доби поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој

Беровското училиште „Дедо Иљо Малешевски“ доби поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој

Берово, 12 јуни 2019 (/) – Беровското основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ е една од воспитно-образовните установи во источна Македонија која доби поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој. Училиштето доби 135 илјади денари за изработка на автоматски регулатор на водостојот при систем „капка по капка“.
– По отворен повик од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, нашиот проект беше прогласен за најдобар во државата. Сакам да упатам голема благодарност до учениците, наставниците и родителите кои беа инволвирани во самиот проект. Истиот се реализираше во текот на учебната 2018/19 година и можам да кажам дека трудот кој сите заеднички го вложивме на крај се исплатеше, информира директорката на училиштето Наташа Аврамска.
Според професорката Сузана Гашчеовска, системот е лесно применлив особено во станбени објекти и за негова реализација се потребни минимални финансиски средства.
– Проектот е многу наменлив, особено во објекти во кои што не се живее постојано. Направен е на тој начин што може автоматски да регулира колкаво е количеството на вода во објектот, за да не дојде до голем број несакани последици. Вишокот на вода, според системот ,,капка по капка” може.да се искористи за наводнување во околината, на растенија, на дрвја и слично. Ова е инвестиција без многу потрошени средства. Со веќе употребени материјали направивме функционална макета со мерење, со мерачи и аларм кој не известува дали нешто е неправилно во објектот во кој е вграден самиот систем, истакна Гашчеовска.
 
Ваквиот систем наоѓа примена и во самата деветолетка за што училиштето вложило напори за изработка на макета, по чиј пример може да се конструира системот за многу поголеми објекти и да се применува во целата околина. вс/бак/
.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“