Утрински Весник
Македонија

Беровската деветолетка лидер во реализација на европски проекти

Беровската деветолетка лидер во реализација на европски проекти

Берово, 20 јуни 2019 (/) – Беровската деветолетка „Дедо Иљо Малешевски“ е едно од училиштата во источниот регион, кое е лидер во реализацијата на европските проекти, како дел од е-твининг програмата. Поради своето залагање на ова поле, како што истакна амбасадорот за е-твининг програмата, Славица Чавдарска, училиштето ја доби и ознаката за е-твининг училиште.
-Како еден од успесите на училиштето, би го наброиле добивањето на ознака за „Е-Твининг“ училиште, која што за нас значеше голем успех. Ознаката се доделува на училишта кои имаат реализирано голем број европски проекти, а од сите тие проекти очекуваме во скоро време да добиеме национални ознаки за квалитет, а понатаму и европски награди, истакна Чавдарска.

Овие успеси, како што додаде директорката на беровската деветолетка Наташа Аврамска, само се надоврзуваат на претходната успешна реализација на проектите од Еразмус плус програмата.

-Минатата година успешно го завршивме проектот од Еразмус плус, кој претходно беше добиен за К1 проектите, со тоа што две групи по 7 наставници посетивме обуки во Шпанија. Исто така оваа година имаме аплицирано за повеќе проекти, во некои сме носители, во некои сме партнери, истакна Аврамска.
Летниот период, како што додава, беровската деветолетка ќе го искористи за продлабочување на соработката со училишта од повеќе европски држави. вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“