Утрински Весник
Македонија

Беровската деветолетка добива етнолошко катче

Беровската деветолетка добива етнолошко катче

Берово, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Директорката на училиштето „Дедо Иљо Малешевски“,  Наташа Аврамска, наведе дека, во рамки на активностите за разубавување на ентериерот во училиштето, изготвено е етнолошко катче, кое ќе се користи за потребите на деветолетката со почетокот на идната учебна година.

– Во периодот од летниот распуст решивме да создадеме етнолошко катче кое ќе биде наменето за потребите на училиштето и ќе се користи од следната учебна година. Во неговата изработка до завршувањето на училишната година учествуваа сите ученици, а за време на летниот распуст, активноста ја продолживме со сите наставници. Она што е важно, е тоа што континуирано продолжуваме со разубавување на внатрешните простории во нашето училиште, истакна Аврамска.

Активностите за изработка на етнолошкото катче како што дополни, се дел од проектите за интеграција на еколошката едукација на македонскиот образовен систем.

Беровската деветолетка е еден од успешните примери за училиште кое успешно ги имплементира овие проекти. Како резултат на тоа, училиштето годинава по втор пат вброи во еко-училиштатата со статус „зелено знаме“, а деветолетката во повеќе наврати е прогласувано за најчисто училиште во Источно-планскиот регион. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“