Утрински Весник
Спорт

Берни Еклстоун со план за спас на Ф1

Берни Еклстоун со план за спас на Ф1

Париз, 27 јуни 2019 (/) – Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Екелстон, предложи промени за да се направи спортот попривлечен за навивачите. Според 88-годишниот Британец, во последните години Ф1 е сведена на „парада на Мерцедес-Бенц“ со отпор единствено на Ферари, и ова ги одбива навивачите.

Еклстоун предлага да се направат два одделни светски шампионати – еден за конструктори, а друг за тимови. Конструкторскиот да биде за големите производители на мотори и шасии како Мерцедес, Ферари и Рено. Тимското првенство да биде за сите други, кои ќе користат ист мотор и автомобили со поедноставни технологии.

– Со две вакви првенства, ние ќе им помогнеме на помалите тимови, овозможувајќи им на производителите да се натпреваруваат онака како што сакаат. Сè е отворено за дискусија, но целта е јасна – да има отворен натпревар, наместо многу скапа технологија, рече Еклстоун.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уште еден премиерлигаш добива американски газда

МЗТ Скопје преку ТФТ до петта титула од Суперкупот

Сестрата на Роналдо контра Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни