Утрински Весник
Магазин

Бекер: Публиката на Вимблдон да биде свесна за величината на Ѓоковиќ

Бекер: Публиката на Вимблдон да биде свесна за величината на Ѓоковиќ

Лондон, 15 јули 2019 (/) – Германската тениска легенда Борис Бекер ја искритикува публиката на Вимблдон поради нефер навивањето против Новак Ѓоковиќ.

Бекер, во улога на коментатор на Би-би-си. рече дека на тенисерот кој подоцна стана и шампион, мора да му се укаже повеќе почит.

– Публиката мора да биде свесна за величината на Новак Ѓоковиќ, подвлече Германецот.

Бекер посебно го нагласи ракоплескањето за грешките на Србинот, што сепак, „само го поттикнало Ѓоковиќ да се бори со пожестоко“ до победата.

Бекер, инаку, е поранешен тренер на Ѓоковиќ и, троен освојувач на Вимблдон. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тарантино не сакал Џони Деп да глуми во „Евтини приказни“

(Видео) Светска премиера на „Аватар 2“

Објавен стрип за животот и кариерата на Марија Кери