Утрински Весник
Македонија

Без струја утре делови од Студеничани, Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош

Без струја утре од Карпош и бензинската во село Чојле

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Скопје  утре ќе има времен прекин на струја кај дел од корисниците во општините Студеничани, Аеродром и Карпош, најави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Без струја утре од четири до 10 часот ќе бидат корисниците од селата Горно и Долно Количани, Вртекица, Рамни Габер, Црвена Вода, Цветово, Драчевица, Палиград, Алдинци, Мала Река, и сите викенд населби на пат за Караџица во општина Студеничани.

Утре од девет до 13 часот струја ќе немаат корисниците од дел од ул. „Даутица“ како и дел од ул. „Ѓуро Салај„ во општина Ѓорче Петров, од девет до 14 часот дел од ул. „Прашка“,  дел од ул. „Букурешка“ како и дел од ул.„Париска“ во општини Карпош, од девет до 13:30 часот корисниците од дел од населба Лисиче, ул. „Божидар Рајковиќ“, како и околината, од 08:30 до 12:30 часот корисниците од ул. „Димитар Македонски“ во општина Аеродром, а од девет до 14 часот корисниците од дел од ул. „Његошева“ како и дел од ул. „Демир Трајко“ во општина Карпош.лв/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен битолчанец, кај него биле пронајдени 14 пакувања хероин

МНР го осуди говорот на омраза на натпреварот Македонија-Бугарија

50 санкции за недавање првенство на минување