Утрински Весник
Македонија

Без струја утре делови од неколку скопски општини

Без струја утре делови од неколку скопски општини

Скопје, 2 јули 2019 (/)  – Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Шуто Оризари, Карпош, Чучер Сандево, Бутел и Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Прохор Пчински“ и околните подулици во општина Центар, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. „Индира Ганди“ како и објектите околу пазарот во општина Шуто Оризари.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе имаат корисниците од ул.„Сливовска“ згр. бр. 3 и бр. 5, во општина Карпош, во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Караула Рамно, Хидроцентрала Хидроинвест, с. Мирковци, с. Горњани, с. Чучер и с.Бањани во општина Чучер Сандево, а во периодот од 08:30 до 14:00 часот корисниците од дел од с. Горно Оризари во општина Бутел.

Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од Канепе Мебел, бул.„Борис Трајковски“ бр. 60 и објектите во близина, сите во општина Кисела Вода. сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали

Ковачевски-Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ