Утрински Весник
Македонија

Без струја утре делови од Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода

Дел од Визбегово утре без струја

Скопје, 23 јуни 2019 (/) – Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода.

Како што информираат од РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“, прекинот на снабдувањето со електрична енергија е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Од 8 часот до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.„Гаврил Радомир“ во општина Аеродром, од 8 часот до 15:30 часот корисниците од дел од ул.„Интернационални бригади“ во општина Гази Баба, а од 9 часот до 12 часот, корисниците од ул.„Фуштанска“ до бр. 31 во општина Гази Баба.

Без струја од 11 до 15 часот ќе бидат корисниците од дел од ул.„Борис Трајковски“ (подулица 32) и дел од с. Усје (до гробиштата) во општина Кисела Вода. рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом