Утрински Весник
Македонија

Безбедноста во патниот и железничкиот сообраќај пред Комисијата за транспорт

Состојбата во патниот и железничкиот сообраќај пред собраниската Комисија за транспорт

Скопје, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Комисијата за транспорт, врски и екологија денеска ќе одржи седница на која на дневен ред е Информација за безбедноста во патниот и железничкиот сообраќај, поднесена од пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателката на Комисијата, Лилјана Затуроска вчера изјави дека на седницата на Комисијата ќе бидат повикани претставници од Министерството за транспорт и врски, директорите на ЈП Државни патишта и Македонски железници, како и од Секторот за безбедност на патиштата.

Во Собранието денеска, во рамките на TAIEX програмата, ќе се одржи Оценска мисија за слободата на изразување со претставници од Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за транспорт, врски и екологија. ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран