Утрински Весник
Спорт

Барселона подготвена да плати 112 милиони евра за Мартинез

Барселона подготвена да плати 112 милиони евра за Мартинез

Барселона, 1 јули 2019 (/) – Шпанскиот фудбалски шампион Барселона има намера во своите редови да го донесе напаѓачот на Интер и аргентински репрезентативец Лаутаро Мартинез.

Според „Радио Ла Ред“ каталонскиот клуб е подготвен да плати за 21-годишниот фудбалер околу 112 милиони евра колку што изнесува клаузулата во неговиот договор со миланските „неро-азури“.

Во Барселона сметаат дека Мартинез е повеќе ветувачка опција од Мауро Икарди, со кого Интер е подготвен да се раздели.

За потсетиме Аргентинецот се преселил во Интер од Расинг во 2018 година за 22 милиони евра.

Вкупно за калчолигашот Мартинез има одиграно 35 натпревари и постигнато девет гола. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Охрид Трчат – Македонија се радува(т) (Фотогалерија)

(Видео) Роналдо на партија падел во Сингапур

Трагедија на „Монументал“ – навивач „скокнал“ од трибините и го загубил животот