Утрински Весник
Спорт

Барселона отпуштила тренери преку „ВатсАп“

Барселона отпуштила тренери преку „ВатсАп“

Барселона, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Скандалите во Барселона продолжуваат со целосна сила. По оставката на потпретседателот на клубот, Жорди Местре, поради недоразбирањата околу трансфер политиката, веќе се појавија други детали.

Шпанскиот шампион ја сменил формата за тренинзи во младинските екипи, а сите досегашни тренери ги отпуштиле преку … „ВатсАп“. Сите промени биле под влијание токму од оставката на Местре.

Неколку тренери кои работеа во Академијата на Барселона до 30 јуни признаа дека биле информирани дека договорите нема да им се обноват преку апликацијата за чат. Други добиле повик за повеќе информации.

Ова се случило на 2 јули, кога договорите во „Ла Масија“ се ревидираат и обновуваат.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Аматерскиот бокс ги „врати“ Русите и Белорусите

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“