Утрински Весник
Спорт

Барса треба да продаде играчи за 70 милиони евра до недела

Бартомеу: Сакаме Валверде да остане

Барселона, 25 јуни 2019 (/) – Раководството на Барселона сака итно да се раздели со некои свои фудбалери, за да ја наполни својата каса, тврди „Марка“.

Според изданието, од каталонскиот клуб треба да инкасират 70 милиони евра од продажба на играчи, за да не ја завршат финансиската година во загуба. Токму затоа договорот за Јаспер Силесен ќе биде остварена како продажба и потоа ќе биде купен Нето. Така „лос кулес“ ќе земат приход меѓу 25 и 30 милиони евра за холандскиот голман и денови подоцна ќе ги вратат, за да го донесат голманот на Валенсија.

Другите играчи кои чекаат на излезот се Андре Гомеш, Рафиња и Денис Суарез.

Најблиску до разделба со Барса е Португалецот Гомеш, кој ќе биде купен од Евертон за 25 милиони евра.

Големите финансиски операции на „Камп Ноу“ ќе се извршат по 1 јули, кога почнува новата финансиска година.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната