Утрински Весник
Спорт

Барса зела кредит за да го плати трансферот на Гризман

Барса зела кредит за да го плати трансферот на Гризман

Барселона, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Лидерите на Барселона признаа дека земале кредит, за да го финансираат трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Каталонците ја активираа клаузулата за откуп во договорот на Французинот, во износ од 120 милиони евра.

Барселона се обиде да преговара за одложено плаќање на големата сума, но Атлетико ја одби оваа опција. Впрочем, парите беа депонирани во канцелариите на шпанската фудбалска лига, но денес стана јасно дека некои од нив се набавени со кредит.

– Клубот зеде заем од 35 милиони евра за шест месеци, призна претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу.

Останатите 85 милиони евра од трансферот се обезбедени со исплати што треба да се добијат во Барселона од различни договори и спонзорски зделки.

Сепак, според многумина, тоа значи дека трансфер на Нејмар во Барселона е речиси невозможен, со оглед на тоа дека ќе чини многу повеќе за клубот од „Камп Ноу“.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај ќе се обиде на зима да го доведе Кристијано Роналдо

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добро возачи, а не како социјална порака

Фофана ќе паузира шест седмици