Утрински Весник
Спорт

Балотели може да се врати во Премиер лигата

Балотели може да се врати во Премиер лигата

Лондон, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Вест Хем има интерес кон италијанскиот напаѓач Марио Балотели, соопштува „Дејли телеграф“.

„Чеканите“ почнаа да бараат заменик на австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ, кој беше продаден на кинески Шангај.

Во моментов 28-годишниот Балотели не е трансфер цел број 1 на лондонскиот тим, бидејќи тие го преферираат Макси Гомез од Селта.

Во последната полусезона, Балотели играше во Олимпик Марсеј и постигна 8 гола во 15 натпревари во Лига 1.

Покрај тоа, тој играл уште за екипите на Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул и Ница.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јокиќ, Букер, Тејтум и Адетокумбо блескаа изминатата ноќ во НБА

Разврска во групите Е и Ф: Германија и Шпанија гледаат кон осминафинале, Хрватска на мегдан со Белгија

Аргентина се „крена“ на првото место, Полска пред Мексико поради гол-разлика!