Минхен, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Кога Нејмар си замина од Барселона пред две години, каталонскиот клуб делуваше набрзина за да обезбеди двајца негови заменици. И фрли над четвртина милијарда евра, за да се засили со Филипе Кутињо и Усман Дембеле, односно од Ливерпул и Борусија Дортмунд.
Но сега, кога шпанскиот шампион преговара за враќање на Бразилецот по несреќниот негов престој во Пари Сен Жермен, донесените како негови заменици се на пат да си заминат. И ако за Кутињо е јасно дека ќе биде дел од договорот со ПСЖ за Нејмар, тогаш за Дембеле се смета дека ќе се врати назад кон Бундеслигата.
Лично тренерот на Баерн, Нико Ковач призна дека ја следи одблизу ситуацијата со младиот Французин и е уверен дека ако има разврска околу враќањето на Неј на „Камп Ноу“, тоа ќе одврзе рацете на клубот при обидот да го привлече светскиот шампион.
„Дембеле е одличен фудбалер, кој ќе ни помогне многу со квалитетите кои ги демонстрираше во Барселона и репрезентацијата на Франција. Ако Барса конечно успее да го врати Нејмар од ПСЖ, тоа ќе ги зголеми драстично шансите ни да потпишеме со него“, изјави Ковач.вз