Утрински Весник
Спорт

Бадел се пријави за настап во ВАБА-лигата

Бадел се пријави за настап во ВАБА-лигата

Скопје, 27 јуни 2019 (/) – Кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од скопската општина Кисела Вода ќе се натпреваруваат во регионалната Јадранска лига WABA, У 17.

ЖКК Бадел 1862, по пауза од една година, повторно се пријави за натпреварување во регионалната женска кошаркарска лига WABA, за девојчиња со возраст до 17 години.

  • Со пријавувањето сакаме на нашите девојки да им обезбедиме поголем број на силни натпревари, што секако ќе придонесе за зголемување на квалитетот на играта, за што се пример претходните наши настапи во оваа лига кога во два наврата стигнавме до четврт финале. 10 девојки од нашите редови се репрезентативки во овогодишната репрезентација со возраст под 18 години, од кои четири наши кошаркарки се од домашното првенство и шест од странските кошаркарски школи, од кои три играат во Италија, две во Шпанија и една во Унгарија. Се надеваме дека со настапот на нашите девојчиња ќе го достигнеме досегашниот успех, па и да го надминеме, пред се затоа што се работи за талентирани кошаркарки кои скоро сите се репрезентативки за селекциите до 16 и 14 годишна возраст, секако и со поддршка од Општина Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски“ – изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК „Бадел 1862“.

Претстојната натпреварувачка сезона во оваа возрасна категорија ќе земат учество вкупно 21 екипа од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица