Утрински Весник
Спорт

Ањели и Лотито на Малта преговараат за Милинковиќ-Савиќ

Ањели и Лотито на Малта преговараат за Милинковиќ-Савиќ

Торино, 8 јуни 2019 (/) – Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели ќе се сретне со сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито на Малта, за да преговараат за трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во италијанскиот шампион, соопштува „Кориере дела Спорт“.

Јуве е фаворит за потписот на Србинот и е многу веројатно халфот да ги засили „бјанконерите“ во текот на летото.

Некои италијански изданија дури тврдат дека Милинковиќ-Савиќ веќе ги договорил личните услови со Јувентус.

Ањели и Лотито ќе бидат во Малта за состанокот на Европската клубска асоцијација.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“

Атлетико Мадрид оди на продажба