Мадрид, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Атлетико Мадрид има намера да го продолжи договорот на својот играч Саул Нигуез, со што им даде до знаење на неговите ривали дека не планираат да го продадат.
Според шпанските медиуми, договорот на Нигуез ќе биде продолжен до 2024 година, а се разбира ќе му биде зголемена и плата, која сега на годишно ниво ќе достигне 10 милиони евра.
За услугите на Саул беа заинтересирани екипи од англиската Премиер лига, поточно, градските ривали Јунајтед и Сити.
Инаку, освен Гризман кој замина во Барселона, Атлетико не извршил поголем трансфер на своите играчи, што јасно ја покажува намерата на клубот да изгради силна екипа за следната сезона. ем/гт/