Утрински Весник
Македонија

Асфалтирање на неколку улици во Гевгелија

Асфалтирање на неколку улици во Гевгелија

Гевгелија,18 јуни 2019 (/) – Најавеното асфалтирање на неколку улици во градот и населените места почна денеска од улицата „Гоце Делчев“ во село Мрзенци кое веќе се смета за приградска населба на Гевгелија, потврдија од Општината.

Претходно на оваа улица беа изведени подготвителните работи кои овозможија да се стави асфалтна маса на површина од 900 метри квадратни.

Исто така, во тек се подготвителни работи за асфалтирање на една улица во селото Негорци и една во селото Прдејци, а потоа ќе се санира и улицата „1 Мај“ во Гевгелија со должина од 200 метри, која се наоѓа во близина на Градскиот стадион. Ќе се асфалтира и паркинг просторот кај Градските гробишта.

На асфалтирањето што почна денеска му претходеше цементирање на паркингот кај Општата болница,  на еден крак од булеварот „Гевгелија“, како и на една улица во селото Смоквица. им/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Инфлуенсерката Маја Миа од Охрид пронајдена мртва во Африка

Мртво тело најдено покрај Лепенец во Орман

Две лица ограбени во Градскиот парк