Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Веднаш да се запре уништувањето на Охрид

Арсовски: Венко Филипче е подготвен за чистење и метла

Скопје, 26 јуни 2019

Зоран Заев и криминалниот картел на власт глумат правна држава, а всушност се директни поддржувачи и иницијатори на беззаконие, самоволие и криминал.

Наместо да организираат спектакуларни акции, доколку навистина сакаат да го спроведат законот тогаш треба да го запрат уништувањето на Охрид на кое му кумуваат градоначалникот Константин  Георгиевски и неговиот политички ортак, Нефи Усеини.

Со месеци надлежните институции со прст не мрднуваат за изградбата на нелегалната тераса сред Охридска чаршија до чинарот, но и не мрднуваат со прст за изградбата на  нелегалната бетонска база која што никна на самиот брег на  Охридското крајбрежје. Да беше тутун насаден од некој земјоделец досега сигурно ќе испратеа специјални сили со полна воена опрема, вилушкари, камиони, багери и разновидна механизација, но кога се работи за човек со кој се во директен политички пазар тогаш молчат и со тоа го охрабруваат да направи уште некоја нелегална градба сред Охрид.

Ова се двојните стандарди на криминалниот картел на Зоран Заев, без разлика дали е на централно, дали е на локално ниво. Тие двојни стандарди значи дека овој криминален картел нема врска со владеењето на правото и правната држава.

Повикуваме уште еднаш да се одважат и охрабрат надлежните институции и соодветно да реагираат и да го санкционираат ова беззаконие на советникот Нефи Усеини. Зоран Заев е на колена и не смеат да му дозволат тој и неговите бизнис-политички партнери криминално да се богатат на сметка на интересите и  на народот.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________
/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ-Ќучук: Низ соработка градиме пријателства и создаваме нови можности за младите од двете земји

Маричиќ: Реформите се многу повеќе од нови ЕУ-закони, тоа се промени во функционирањето на институциите

(Видео) Спасовски: 45 години високо образование за безбедност, со научни резултати до заеднички одговор на безбедносните предизвици