Лондон, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Арсенал е многу блиску до постигнувањето договор за позајмување на фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себалос.
Како што пишува „АС“, иако за шпанскиот репрезентативец се заинтересиран многу познати европски клубови како Ливерпул, Тотенхем и Милан, сепак 23-годишниот фудбалер е на чекор до позајмување кај „топџиите“.
Клубот од Лондон наводно го известил раководството на Реал дека е подготвен да ги прифати сите услови на „кралевите“ за да го донесе младиот Шпанец во неговите редови.
Инаку, Себалос минатата сезона одигра 34 натпревари и постигна три гола, но во Ла лигата настапи само 13 пати поради силната конкуренција кај „кралевите“, што се наведува како една од причините младиот фудбалер да ја продолжи кариерата во друг клуб. ем/сд/