Утрински Весник
Спорт

Аргентина ги одреди стадионите за Копа Америка 2020

Аргентина ги одреди стадионите за Копа Америка 2020

Буенос Аирес, 2 јули 2019 (/) – Познати се стадиони ширум Аргентина на кои ќе се играат натпреварите од Купот на Америка 2020.

Турнирот ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули на следнива стадиони:
„Силиндро де Авеленеда“
„Ла Бомбонера“
„Марио Алберто Кемпес“
„Унико де Сантијаго“
„Сан Хуан дел Бисентенарио“
„Малвинас Аргентинас“.

Копа Америка 2020 ќе се игра по нов формат. Покрај Аргентина, ко-домаќин ќе биде Колумбија. Учесниците ќе бидат поделени во две групи:
Група Север: Бразил, Колумбија, Венецуела, Еквадор, Перу и еден од поканет учесник.

Група Југ: Аргентина, Боливија, Чиле, Парагвај, Уругвај и еден поканет учесник. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Аматерскиот бокс ги „врати“ Русите и Белорусите

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

Тен Хаг му се заблагодари на Пеп за „лекцијата“