Утрински Весник
Македонија

Анѓушев: Тендерска документација за проектот „Чебрен“ до крај на октомври годинава

Анѓушев: Наскоро интензивирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Скопје, 10 јули 2019 (Утрински Весник) – Промена на концептот на досегашните неуспешни тендери за енергетскиот проект „Чебрене“ и тендерска документација до крај на октомври годинава, најави вечерва вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МТВ.

– Концептот на деветте неуспешни тендери досега ќе го измениме. Повторно ќе го работиме со  IFC од Светска банка, но ќе направиме измени коишто ќе бидат во насока и на заштита на домашниот интерес и да биде атрактивен за инвеститорите. Тендерската документација ќе биде готова до крај на октомври, ќе биде слична на досегашната, но многу поатрактивна за инвеститорите, наведе Анѓушев.

Проектот „Чебрен“, со овој тендер што ќе биде прв на оваа Влада, како што истакна, без оглед на претходните девет или десет неуспешни, ќе биде успешен. – Се менува малку концептот и тендерските услови за да станат поатрактивни и пазарно ориентирани бидејќи во меѓувреме се промени и пазарот на електрична енергија, укажа вицепремиерот.лв/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра