Утрински Весник
Бизнис

Анѓушев: Половина од патот Кичево – Охрид готов за неполна година

Анѓушев: Половина од патот Кичево – Охрид готов за неполна година

Скопје, 14 јули 2019 (/) – Недостиг на финансиски средства бил главна причина за застојот на изградбата на патот Кичево – Охрид, кој траел четири години, а сега фокусот е за период не подолг од една година половина од тој пат да биде пуштен во употреба.

Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за Сител, напоменувајќи дека одобрението за кредиот од Ексим банка го добиле пред два дена.

– За Кичево – Охрид имаше застој не поради неорганизираност или технички проблеми, туку поради недостиг на финансиски средтва. Кредитот со Ексим банка беше истечен на 19 јануари и практично немаше финансиски средства за да се продолжи со работа. Аплициравме во ноември, но одобрението од Ексим до добивме пред два дена и сега ќе се интезивираат работите на патот Кичево – Охрид, особено во делот од Врбјани до Охрид. Ќе гледаме половина од тој пат, кој е со должина од 60-тина километри, односно околу 30 километри да биде пуштен што е можно најбрзо, во период не подолг од една година, истакна Анѓушев.

Тој нагласи дека автопатиштата се надвор од буџетот и се во буџетот на претпријатието за државни патишта. Нагласи дека за патот Миладиновци – Штип перцепцијата е дека нешто се забавило.

– Напротив, овој пат се гради четири и пол години. Во првите две беа изградени околу 55 отсто потоа за една и пол година беа изградени 45 отсто и тој е пуштен за употреба, додаде Анѓушев. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата ја обврза ЕСМ да обезбеди парно греење во Скопје

„Адора инженеринг“: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

Од 15-ти октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор