Утрински Весник
Бизнис

Анѓушев и Сугарески ќе го посетат местото каде се излизгаа вагони од товарниот воз

Пругата Скопје-Куманово неколку дена во прекин поради излизгувањето на возот

Скопје, 2 јули 2019 (/) – Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески попладне ќе го посетат местото каде се излизгаа вагони од товарениот воз кој сообраќал на релација Куманово-Романовце.

Несреќата се случи околу два часот по полноќ во близина на селото Черкези. Нема повредени лица, но, како што информираа од Македонски железници – Инфраструктура, причинета е голема материјална штета на инфраструктурните постројки, пругата, колосеците, електричните столбови, сигнализацијата, контактната мрежа и оптички кабел.

Железничкиот сообраќај на релација Скопје-Куманово ќе биде во прекин следните неколку дена. Од Македонски железници – Инфраструктура велат дека екипите се мобилизирани и се работи на терен за да се тргнат вагоните. Од моментот кога вагоните ќе бидат тргнати од пруга, за 24 часа ќе ја ставиме во функција оваа железничка линија, велат од МЖ-Инфраструктура. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски – Клајн: На власта и нудиме решение за справување со енергетската криза, но немаат слух

Ковачевски: 16 проценти повисоки пензии, новата методологија обезбедува континуиран раст

(Видео) Мицкоски: Понудата за дупло поевтина струја сè уште стои