Утрински Весник
Бизнис

Анѓушев: Државата гледа интерес да инвестира во Белене, но е далеку од реализација

Анѓушев: Наскоро интензивирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Охрид, 29 јуни 2019 (/) – Државата цени дека најбрзиот, наједноставниот и најефтиниот начин да обезбеди базна енергија на подолг рок е преку нуклеарната централа Белене во Бугарија и вклучување во нејзината изградба. Но, тоа, според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, е далеку од реализација.

– Бугарската страна објави повик, во кој практично бара партнери на тој проект. Ние како држава веројатно треба да го видиме нашиот интерес да учествуваме во таков објект, бидејќи со тек на време ние ќе ја губиме нашата базна енергија, немајќи јаглен, изјави Анѓушев.

Појаснувајќи дека базна енергија се произведува од јаглен, гас или гориво и оти други извори не постојат, вицепремиерот нагласи дека, токму затоа пројавиле интерес за учество во Белене.

– Но сеуште концептот и од бугарска страна не е јасен, и тие немаат до крај изградено финансиска конструкција ниту структура на заинтересирани страни. Гледам дека целиот регион изразува интерес за учество во тој проект. Мислам дека е многу далеку да се зборува за некоја конкретна реализација, рече Анѓушев. сс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СКОПСКО со нов проект во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак

Влада: Изминатото деноноќие произведени 12.580 MWh електрична енергија, задоволени потребите на домаќинствата

Нови цени на горивата од полноќ