Утрински Весник
Спорт

Ангеловски пред мечот со Австрија: Немам намера да отстапам од нашиот стил на игра

Ангеловски пред мечот со Австрија: Немам намера да отстапам од нашиот стил на игра

Скопје, 9 јуни 2019 (/) – Селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија, Игор Ангеловски на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Австрија од квалификациите за ЕП 2020 информираше дека Елиф Елмас поради повреда на зглобот на ногата е неизвесен за мечот против Австрија.

Тој додаде дека сите други се во комбинација и конкурираат за место во тимот на утрешниот дуел на Националната арена „Тодор Проески“ и дека тимот ќе освои бодови против силниот проитвник.

– Мора да настојуваме да бидеме на висината на задачата. Ние во континуитет играме добро, тоа не беше само со Полска, туку и со Словенија и Летонија. За жал тоа не ни донесе резултат, но се надевам дека со Австрија ќе дојдеме до бодови. Немам намера да отстапам од нашиот стил на игра и понатаму. Австрија си има свои квалитети, имавме можност да го изанализираме нивниот натпревар со Словенија во кој славеа. Имаат индивидуални квалитети, но и како тим се доста добри. Се работи за крај на сезона, но мислам дека ќе останат во својот бундеслигашки стил и се потпираат на дуел-игра и трчање, изјави Ангеловски.

Дуелот во Скопје утре почнува од 20,45 часот.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јовиќ се враќа во Црвена звезда

Фински новинари во опрема за нуркање се јавија од теренот во Подгорица

Пандев на селекторот Милевски му порача да молчи