• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
недела, јануари 24, 2021
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник
  • Македонија
  • Бизнис
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Здрав Живот
  • Магазин
  • Технологија
  • Моја Кујна
  • Македонија
  • Бизнис
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Здрав Живот
  • Магазин
  • Технологија
  • Моја Кујна
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник
Не се пронајдени резултати
View All Result

Ангеловска: Бројките и резултатите покажуваат дека годината е економска

03-Дек-2019 13:30
во Бизнис
Ангеловска: Бројките и резултатите покажуваат дека годината е економска

Скопје, 3 декември 2019 (МИА) – Бројките и резултатите годинава покажуваат дека таа е економска. Тоа, како што оценува министерката за финансии Нина Ангеловска, го покажува растот на БДП, вработеноста, индустријата, градежништвото, потрошувачката, а има раст и кај странските директни инвестиции.

– Оваа година беше промовирана за економска година и за тоа говорат бројките и резултатите кои покажува дека оваа година навистина  е економска година. Ако ги гледате бројките за растот на БДП тој  е проектиран на 3,5 проценти, а во првите два квартала веќе изнесува 3,6 отсто, а сега ги очекуваме и за третиот квартал и ако ги погледнеме сите параметри дека се работи за широко базиран раст, дека расте вработеноста, расте индустријата, градежништвото, потрошувачката се работи за бројки што укажуваат дека може да се каже дека ова е економска година. Ако ги гледаме и разговараме реално бројките може кој било да види и да каже дали некаде гледа дека има сомневање дека ова не било економска година и дека не ги достигнува поставените индиктори, изјави министерката Ангеловска

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со нивото на рализирани странски инвестиции во деветте месеци од годинава, таа рече дека доколку се земат осумте квартали од јули до јули откако е оваа Влада, во споредба со претходните квартали се забележува дека се работи за раст и на странските директни инвестиции.

Ангеловска потенцира дека е важно да се согледа и сопственичката структура на капиталот, да се има предвид дека се работи за трансакции што имаат одливи и приливи кон други земји, а не, како што истакна, едноставно да се гледа само бројката во еден одреден момент и затоа треба една посеопфатна слика, а ќе дојде крајот на годината и ќе може да разговараме и да ги оцениме точно бројките. скс/сп/

Извор: mia.mk

  • Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
Developed & Hosted by: IGAL Group - Online Solution

© 2020 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

Не се пронајдени резултати
View All Result
  • Македонија
  • Бизнис
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Здрав Живот
  • Магазин
  • Технологија
  • Моја Кујна

© 2020 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

error: