Утрински Весник
Македонија

Американскиот конгресмен Елиот Енгел во работна посета на Скопје

Американскиот конгресмен Елиот Енгел во работна посета на Скопје

Скопје, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, конгресменот Елиот Енгел, во рамки на работната посета на Република Северна Македонија која е дел од неговата турнеја по земјите од регионот, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Енгел заедно со конгресменот Мајкл Мекал, кој е член на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, со која тој претседава, на 6 февруари годинава упатија писмо до администрацијата на претседателот Доналд Трамп со барање да го поддржи членството на Северна Македонија во НАТО. Во писмото адресирано до државниот секретар Мајк Помпео, двајцата конгресмени нагласуваат дека членството на нашата држава во НАТО ќе помогне да се обезбеди стабилност и мирот на Балканот.

Конгресменот од САД вчера попладне имаше средба и со премиерот Зоран Заев на која било оценето дека Република Северна Македонија се движи по вистинската патека и дека е  добар пример во регионот како се решаваат билатерални прашања – низ храбри политики на искрен дијалог. Како што вчера соопшти владината прес-служба, на средбата била изразена силна поддршка за интеграциите на Република Северна Македонија во НАТО и е констатирано дека членството на нашата држава во НАТО значи безбедносна заштита, стабилност и сигурност. хс/сст/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“