Утрински Весник
Македонија

Американската амбасадорка Брнз пристигна во земјава

Американската амбасадорка Брнз пристигна во земјава

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Брнз, денеска пристигна во земјава и го имаше нејзиниот прв работен ден во канцеларијата, објави американската Амбасада на официјалниот фејсбук профил.

– Амбасадорката Брнз оваа недела ќе му ги претстави своите препораки на претседателот Пендаровски, стои во објавата.

Брнз на нејзиниот прв ден во канцеларијата пристигнала со нејзиниот сопруг Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Воената морнарица на САД.

Амбасадорката Брнз е дипломат од кариера. Таа на позицијава доаѓа од Атина каде од септември 2017 до мај 2019 година беше заменик шеф на мисијата на САД во Грција. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8