Утрински Весник
Сцена

Амазон работи на серијата „Џек Ричер“

Амазон работи на серијата „Џек Ричер“

Лос Анџелес, 16 јули 2019 (/) – Во конкурентски натпревар Амазон се избори за правата за ТВ серијата „Џек Ричер“, што ќе биде продолжение на двата филмски акциони хита со Том Круз во главната улога.

Приказната се заснова на романите на Ли Чајлд, чија вкупна бројка досега надмина 100 милиони продадени примероци.

Амазон ќе работи на продукцијата заедно со Скајденс ТВ и Парамаунт пикчрс.

Том Круз најверојатно нема да ја повтори насловната улога во серијата. си/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка