Утрински Весник
Магазин

Алигатор си најде дом в парк во Чикаго

Алигатор си најде дом в парк во Чикаго

Чикаго, 10 јули 2019 (/) – Полицијата во Чикаго денеска потврди дека во лагуна на Хамболт паркот – еден од најпопуларните паркови во градот, живее алигатор.

Според портпаролот на чикашката полиција, Ентони Гиљелми, рептилот е долг околу метар и половина, а надлежните не знаат како тоа се нашло таму.

– Градските власти прават сѐ за безбедно да го уловат и отстранат алигаторот оттаму, додава тој.

Откако ќе биде фатен и систематски прегледан, грабливецот ќе биде префрлен во Зоолошка градина. си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Откриено е кој ќе го носи највредниот накит на Елизабета Втора

Мила Кунис прекрасна на премиерата на „Најсреќната девојка на светот“

Тревор Ноа се повлекува како водител на „Дејли шоу“