Утрински Весник
Македонија

Александра Цветковска нов пратеник, на местото на Горан Милевски

Александра Цветковска нов пратеник, на местото на Горан Милевски

Скопје, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница констатира дека врз основа на спроведена постапка Александра Цветковска ќе биде нова пратеничка во Парламентот. Таа ќе го преземе остатокот на мандатот на пратеникот Горан Милевски, кој од неодмна е нов министер за локална самоуправа.

Александра Цветковска е од листата на кандидати за пратеници во Парламентот за ИЕ 5 од СДСМ и Коалицијата.

ДИК ќе и издаде уверение за избран пратеник на Цветковска и во утрешниот ден собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунинетни прашања и со тоа ќе се верификува мандатот на новиот пратеник.

Милевски е претседател на ЛДП и беше пратеник во Парламентот, а неговиот мандат престана на 27 јуни годинава. Тој од неодмна е нов министер за локална самоуправа. мд/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата