Утрински Весник
Спорт

Алегри: Ќе одморам една година од фудбалот

Алегри не размислува за напуштање, сака да изгради „нов Јувентус“

Торино, 14 јуни 2019 (/) – Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека сака да ги наполни батериите и ќе си земе година пауза од фудбалот, пред да се врати кон тренерската работа. 51-годишниот стратег ја изведе „Старата Дама“ до пет последователни титули во Серија „А“, четири титули во Купот на Италија и два финалиња во Лигата на Шампионите за време на својот петгодишен престој на чело на „бјанконерите“, но се раздели со клубот на крајот на минатата сезона.

– Ќе одморам една година од фудбалот и ќе се посветам на моето семејство. Последните 16 години многу ме исцедија, рече Алегри, цитиран од „Би-Би-Си“ на настан во Милано.

Алегри ја започна тренерска кариера во 2004 во четвртата дивизија на Италија и беше тренер на Милан, кој го изведе до шампионската титула во 2011, пред да се приклучи на Јувентус во 2014.

Британски и италијански медиуми објавија дека менаџерот на Челзи Маурицио Сари е близу до тоа да стане заменик на Алегри, откако Јувентус стигна до принципиелен договор со тимот од Премиер лигата за потписот на Италијанецот.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај ќе се обиде на зима да го доведе Кристијано Роналдо

Леклер: Жени во Ф1? Ако се добро возачи, а не како социјална порака

Фофана ќе паузира шест седмици