Утрински Весник
Спорт

Алвес: Уште еден чекор до целта

Финалето на Купот на Америка 2020 ќе се одржи во две земји

Бело Хоризонте, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Капитенот на Бразил, Дани Алвес смета дека неговата репрезентација ги собира плодовите од напорната работа и не е случајно што се изборија за финале во Купот на Америка.

Бразилците ноќеска ја совладаа Аргентина со 2:0, а токму 36-годишниот Алвес беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.

– Многу луѓе ја критикуваат нашата екипа, но ние веруваме во тренерите, планот и нашата работа. Целосно сме фокусирани на работата. Сега ги собираме плодовите од секојдневната работа. За да се постигне целта, останува да се направи еден чекор. Тоа нема да биде лесно. Нема веќе слаби тимови, изјави Алвес.

Во мечот за трофеј, Бразил в недела ќе игра со победникот од дуелот Чиле – Перу. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања