Утрински Весник
Спорт

Алвес ги повика соиграчите од репрезентацијата добро да се подготват за полуфиналето

Финалето на Купот на Америка 2020 ќе се одржи во две земји

Порто Алегре, 28 јуни 2019 (/) – Капитенот на бразилската фудбалска репрезентација Дани Алвес по четвртфиналниот меч на Купот на Америка со Парагвај (0:0, 4:3 на пенали) ги повика соиграчите добро да се подготват за следниот меч.

– Играчите на бразилската репрезентација сфатија дека денес е неопходно да се биде совршено подготвен тактички за Парагвај кој беше тежок ривал. Ние сме во одлична физика кондиција, нема да дозволиме опуштање. Било кој д ани се падне во полуфиналето ќе бара да бидеме добро подготвени. Треба да размислуваме во таа насока. Сега сме чекор поблиску до целта, а тоа е трофејот, истакна Алвес.

Бразил кој е домаќин на купот, во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Аргентина и Венецуела. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меси: Мбапе е ѕвер, со Нејмар имам посебен однос

Јовиќ се враќа во Црвена звезда

Фински новинари во опрема за нуркање се јавија од теренот во Подгорица