Утрински Весник
Спорт

Алваро за Нејмар: Мајка ми ме учеше да го исфрлам ѓубрето

Алваро за Нејмар: Мајка ми ме учеше да го исфрлам ѓубрето

Непријателството меѓу дефанзивецот на Марсеј, Алваро Гонзалез и ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар продолжи во средата, прво на теренот во францускиот Суперкуп, а потоа и на социјалните мрежи, окако во септември Нејмар го обвини Аргентинецот дека расистички го навредувал.

ПСЖ стигна до 1:0 победа во вчерашниот меч, и иако француската федерација во септември објави дека двајцата нема да бидат дополнително казнети за инцидентот со расизмот, нивното ривалство беше забележливо на теренот во Ленс, каде што Гонзалез го фаулираше неколку пати, вклучувајќи и еднаш кога стави раце на неговото лице.

По мечот, Нејмар не се возддржа и му прати провокативна фотографија на Гонзалез на Твитер, со порака: „Кралеви, Алваро, нели?“.

Гонзалез одговори со фотографија во која го фаќа Нејмар за главата: „Моите родители ме учеа секогаш да го изнесувам ѓубрето. Напред ОМ засекогаш“.

Во дискусијата се приклучи и голманот на ПСЖ, Кејлор Навас со порака за Алваро: „Тоа само ја ставаш круната кај кралот, каква што си мала кучка“.

Нема казни – нема расизам? Без дисциплинска постапка за Нејмар и Алваро

> Алваро за Нејмар: Мајка ми ме учеше да го исфрлам ѓубрето <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина