Утрински Весник
Македонија

Акција „Стоп за хидроцентралите на Жировничка река“

Акција „Стоп за хидроцентралите на Жировничка река“

Маврово, 13 јули 2019 (Утрински Весник) – Националниот парк Маврово е под закана од над 20 хидроенергетски проекти, од кои три на Жировничка Река, од која се обезбедува вода за пиење за второто најголемо село во Маврово, Жировница, реагираат „Фронт 21/42“ и Месната заедница на Жировница.

– Зафатите се лоцирани над самата каптажата за вода за пиење на селото и со тоа несомнено се загрозува доводот на вода. Населението воопшто не е консултирано за можното влијание од хидроцентралите ниту пак имаат гаранции дека нема да останат без основниот потребен ресурс за живот- вода за пиење, се вели во соопштението на „Фронт 21/42“.

Локалното население, со поддршка од „Фронт 21/42“ и Месната заедница на Жировница, денеска постави банер „Стоп за хидроцентралите на Жировничка река“, испраќајки апел до сите носители на одлуки да го сопрат уништување на Жировничка Река, а најмладите активисти од Жировница изиграа ревијален фудбалски натпревар. см/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро

Невреме најавено за утре – пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град

Албанската опозиција за измените во Кривичниот законик: Злоупотребено е европското знаменце