Утрински Весник
Македонија

Акција на Општина Кисела Вода за изнесување кабаст отпад од опожарените станови

Акција на Општина Кисела Вода за изнесување кабаст отпад од опожарените станови

Скопје, 26 јуни 2019 (/) – Акција за изнесување на кабаст отпад од опожарените станови на семејствата од зградата на улицата „Народни Херои“ и транспортирање до Дрисла, спроведе вчера  Општина Кисела Вода, во соработка со Комунална Хигиена Скопје.

Од опожарените станови се исфрли изгорениот материјал, врати, мебел, итн, со што биле изнеснеи четири камиони кабаст отпад.

Акцијата, како што информираат од општината, е продолжение на активностите за помош на граѓаните кои беа дел од немилиот настан и расчистување на изгорениот материјал од становите, така што досега вкупно се исфрлени 7.500 тони кабаст отпад.

Од Општина Кисела Вода информираат, дека прават напори за помош при сместувањето на граѓаните кои претрпеа шетети и дека се во преговори со повеќе компании кои ќе ја покажат својата општествена одговорност и ќе им помогнат откако тие ќе ја достават потребната документација.

Општина Кисела Вода, исто така, повикува сите граѓани превентивно да ја проверат исправноста на електричната инсталација и да ја санираат истата доколку има потреба, како и да стекнат навика за контрола и исклучување на електричните кога не се користат и кога нема никој во домовите. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата