Утрински Весник
Македонија

Активистите од „Ние сме Љубовта” во Скопје ќе упатат апел за прекин на злостортва врз цивили во Идлиб, Сирија

Судот во Стразбур отфрли тужба од малолетни мигранти против неколку земји, меѓу кои и Северна Македонија

Скопје, 15 јуни 2019 (/) – Активистите од „Ние сме Љубовта” денеска во паркот „Жена борец“ во Скопје ќе одржат симболичен протест со цел да се зголеми свесноста за злосторствата што се извршуваат во сириската провинција Идлиб и да побараат запирање на бомбашките напади врз болниците, училиштата и невини цивили.

-„Ние сме Љубовта” се ужаснати со ескалацијата на насилството и губењето на животи на цивили во Идлиб. Воспоставивме успешна соработка со локални и меѓународни невладини организации за да ги запознаеме луѓето со состојбата таму, се наведува во соопштението на активистите, кои напоменуваат дека во Идлиб над 3,5 милиони деца, жени и мажи се под опасада и се изложени на напади и тешки бомбардирања.

Скопје е еден од 15 градови во Европа каде денеска се одржува ваков симболичен протест, на кој е планирано во истовреме во воздухот да се пуштат илјадници балони како знак на поддршка за Идлиб.

„Ние сме Љубов” упатуваат апел до владите и до меѓународната заедница за преземање мерки за прекин на насилството меѓу завојуваните страни во Сирија и ставање крај на напади врз училишта и болници, отворање на коридорите за хуманитарна помош за населението како и гаранција дека ќе бидат повикани за одговорни индивидуи и групи, осомничени за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени со употреба на хемиско оружје и силувања. ац/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Ковачевски на маса со европските лидери – Мицкоски изолиран со Апасиев

228 казнети возачи во Скопје

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност