Утрински Весник
Спорт

Азар позираше со дресот на Реал Мадрид

Азар позираше со дресот на Реал Мадрид

Мадрид, 13 јуни 2019 (/) – Новото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар официјално го потпиша договорот со „кралскиот“ клуб.

Белгискиот техничар го потпиша договорот во присуство на претседателот на „белите“, Флорентино Перез.

Неколку минути подоцна, поранешниот играч на Челзи позираше дрес без број.

Азар во моментов е на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ каде е пречекан од голем број навивачи.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПСЖ во јануари ќе му плати 30 милиони евра на Интер за Шкриниар

Милевски: Без разлика на се, мислам дека сме на вистинскиот пат

„Аѕурите“ одат на Ф4 во Лигата на нации